Ја нарекуваа шпион, а свекорот не сакал со очи да ја види: На Летиција одвај ѝ го простија минатото и статусот на разведена жена, а сега е кралица на народот!

Кралица!

Известуваше за терористичкиот напад во Њујорк на 11. септември и за претседателските избори во Америка, а тогаш неколку години подоцна влезе во Белата куќа како кралица на Шпанија.

На големо се зборува за Летиција, сопругата на шпанскиот крал Фелипе VI, жената од народот, која на патот до тронот мораше да победи многубројни предрасуди. Но успеа во тоа.

Летиција Ортиз Рокасолан порасна во семејство од средна класа, со родители новинар и медицинска сестра и со две сестри. Заврши студии по новинарство и продолжи да оди по стапките на Хесус Хосе Ортиз Алварез.

Се вработи во популарната ТВ-станица 24 Орас и работеше за „Си-ен-ен“ пред да известува за шпанската агенција за масовните настани, како што се 11. септември и претседателските избори во САД. Во тоа време не знаеше дека еден ден, како кралица на Шпанија, ќе влезе во Белата куќа за време на претседателстото на Барак Обама и на Доналд Трамп.

Поради животот кој го живееше пред да се омажи за принцот Фелипе VI, Летиција многумина ја споредуваат со Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари, која покрај шпанската кралица предизвика бура во британската монархија.

Исто како Меган, и Летиција беше критикувана дека има еден брак зад себе, односно дека влегува во кралската лоза со статус на разведена жена. И двете станаа членови на благородни семејства како „жени од народот“, со кариери во јавниот живот (Меган беше актерка), и двете беа оспорувани и критикувани како недостојни за позициите што ги зазедоа по бракот (Меган многу повеќе од Летиција).

Но постои една важна разлика, Летиција по скандалот ја прифатија и ја засакаа, додека во случајот со Меган Маркл тоа не се случи, па се случи Мегзит – таков семеен раздор, за среќа, го заобиколи шпанскиот двор.

Но да не заборавиме уште една сличност. Бившите сопрузи посакаа дополнително да им го отежнат патот до тронот, но безуспешно.

Летиција беше во брак со професорот по книжевност во средното училиште, Алонс Герер Перез, кој ја објави книгата El Amor de Penni Robinson (Љубовта на Пени Робинсон)” и тврдеше дека книгата се темели на нивниот брак. Меѓутоа, излезе дека тоа било лага.

Кралицата со поранешниот сопруг била во врска цела деценија, а во брак само една година до 1999 година. Во 2002 година го запознала идниот шпански крал Фелипе VI за време на известувањето за излевањето на нафтата од тенкот во Галиција, во Шпанија. Парот прво ја криеше врската од јавноста, а потоа Летиција даде отказ. Се свршија во ноември 2003 година.

Бидејќи нејзиниот прв брак беше граѓански, Католичката црква ѝ дозволи да се омажи со Фелипе во 2004 година и тие добија две деца – Леонор, принцезата на Австрија, и Софија.

Серијата скандали во 2014 година стави крај на 40-годишното владеење на Хуан Карлос I, кој абдицира од тронот. Фелипе стана новиот крал, правејќи ја Летиција нова кралица – и првата обична жена што ја презеде улогата.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More