Ова е резултат на естетските корекции и стареењето: Мадона остави видео без грам шминка и ги шокираше сите!

Хорор

Кралицата на попот повторно е цел на осуда и критики.

Кралицата на поп-музиката во август го прослави 64-от роденден. Годините не ѝ претставуваат никаква пречка, па често ги шокира фановите со своите изданија на социјалните мрежи. Многумина коментираат дека пејачката се променила драстично и дека повеќе не е онаква каква што публиката ја памети и сака.

За естетските зафати никогаш не зборува, но очигледно е дека подлегнала на корекции на лицето. Покрај тоа, ја обвинуваат дека претерува со филтерите и фотошопот на фотографиите кои ги објавува, па светската ѕвезда одлучи да објави видео на ТикТок на кое е без грам шминка за да им одговори на оние што ја критикуваат.

О Боже мој, о мој Боже, зошто го направи тоа?“, вели Мадона во своето видео во кое по неколку моменти се појавува и со шминка за да се види разликата.

@madonna♬ original sound – Christinamarie James

Меѓутоа, ова видео крена нов бран негативни коментари:

Дали е ова некој хорор?“, „Ова е Мадона?“, „Зошто луѓето не можат да прифатат дека стареат?“, „Да, зошто го направи тоа“, „Те молам, немој повеќе“, „Зошто се претвораш во Мики Рург?“, „Дали си добро?“, „Исусе, што е ова?“, се само дел од коментарите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.