Збогатете го вашето мени: Свинско месо на кинески начин

Испробајте!

Предлог за вкусно главно јадење кое остава впечаток!

Состојки:

  • 1 поголемо филе од свинско месо
  • 200 гр ориз
  • 500 гр замрзната мешавина за кинески јадења
  • 50 гр густин
  • 1,5 дл сок од домат
  • 0,5 дл сос од соја
  • 2 лажици Вустершир сос
  • 50 гр кикирики
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1/2 лажичка ѓумбир
  • мешавина од зачини
  • масло

Подготовка:

Исечете го свинското месо на коцки, истурете мешавина од соја и Вустершир сос над него и оставете го да маринира 30 минути. Пржете го свинското месо заедно со маринадата во врело масло додека не стане златно. Потоа додадете пасиран лук и ѓумбир и пржете сè накратко. Потоа додајте ја кинеската мешавина и кикириките и продолжете со пржењето мешајќи додека сите состојки не бидат меки.

Одделно комбинирајте го сокот од домат со густинот и шеќерот и додајте ги во пржените состојки. Зачинете по вкус и продолжете со динстање, мешајќи, додека не се добие саканата густина.

Варете го оризот во солена вода, а потоа исцедете и служете како гарнир.

Предлог за десерт: Трилече: Колач што се приготвува многу едноставно!

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.