Трилече: Колач што се приготвува многу едноставно!

Пробајте

Сите го обожаваат овој колач

Состојки:
  • 7 јајца
  • 7 супени лажици шеќер
  • 200 г брашно
  • 1/2 кесичка прашок за печиво

За преливот:

  • 800 мл млеко
  • 400 мл слатка павлака
  • 300 мл кондензирано млеко

За глазурата:

  • 300 г готова карамела или направете ја сами со: 200 г шеќер, 50 г путер, 200 г слатка павлака
Приготвување:

Подгответе го плехот така што ќе го намрсите и набрашните. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Одвојте ги жолчките од белките. Изматете ги белките во снег. Постепено додавајте шеќер, па матете околу 3 минути. Додавајте ги жолчките една по една. Додајте брашно и прашок за печиво, а потоа изматете ја смесата рачно. Сипете ја во плехот и печете ја 25 минути.

Потоа, оставете го бисквитот да се олади.

Пригответе го преливот така што млекото, кондензираното млеко и павлаката ќе ги ставете во тенџере да се загреат. Потоа, со чепкалка избодете го бисквитот за да може преливот убаво да влезе во кората.

Пред да зоврие, тргнете го млекото од рингла. Прелејте го бисквитот со врело млеко. Оставете го бисквитот добро да го впие млекото, па да се олади. Потоа, прелејте карамела врз колачот.

Оладете го и послужете го!

Направете го сами фантастичниот колач трилече: Омиленото кремасто слатко задоволство на многумина!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.