Сексот ги лекува овие 5 болести: Го зајакнува имунитетот дури за 30%!

Тргнете во акција

Дополнителни причини за уште повеќе да уживате во интимните односи

Сексот е природна потреба на секој човек, но не служи само за забава и за репродукција – сексот може да ви помогне да ублажите дури 5 болести!

1. Алергии

Верувале или не, сексот може да ублажи алергии и симптоми на астма. Пред сè, го елиминира стресот (како и грижите и анксиозноста кои се чести причини за овој проблем). Исто така, ја полни крвта со кислород и го зголемува снабдувањето на респираторните органи со крв, поради што полесно се дише и симптомите се ублажуваат.

2. Стрес и младоликост

Научниците од Универзитетската кралска болница во Шкотска ги проучувале навиките и здравјето на 3.500 луѓе на возраст од 18 до 102 години и заклучиле дека испитаниците кои имале редовни сексуални односи (барем еднаш неделно), изгледале и се чувствувале доста помладо. Работата е во тоа што сексот помага да се неутрализираат несаканите последици од стресот и го подобрува квалитетот на сонот – два фактора кои најмногу влијаат врз забрзаното стареење.

3. Лош имунитет

Ако сакате да го зајакнете имунитетот за дури 30 отсто, сè што треба да направите е да имате секс два пати неделно. Тајната е во тоа што сексот го зголемува нивото на имуноглобулин А, кој е одговорен за способноста на телото да им се спротивстави на болестите. Освен тоа, истражувањата ја потврдиле врската помеѓу редовниот секс и намалениот ризик од мозочен удар, срцеви болести, некои видови рак, па дури и вируси.

4. Вишок килограми

Не може сосема да го замени вежбањето, но, на пример, 20 минути секс ќе ви стопат 96 калории!

5. Болка

Мигрена, болни зглобови, менструални болки – сето ова се проблеми што можете да ги решите со секс!

Секојдневен збор што ќе го излуди вашиот партнер за време на сексот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.