Древен чувар на здравјето: Ова моќно семе штити од рак, го прочистува крвотокот и го зајакнува имунитетот до максимум!

Стар лек

Лекарите сметаат дека овој зачин е еден од најмоќните природни лекови

Синапот е основната состојка на сенфот, а пронајдени се рецепти за сенф во написи стари околу четири илјади години. Покрај специфичниот вкус по кој е позната оваа билка, овој зачин е исклучително здрав и лековит.

Оваа билка често се користи во народната медицина, бидејќи нејзиното дејство може да биде многу интензивно.

Од таа причина, во Европска унија воведен е закон според кој на производот мора посебно да се нагласи ако ја содржи оваа билка во неговиот состав.

Како изгледа билката синап?

Постојат два вида на оваа билка: црн синап (Barssica nigra) и бел синап (Sinapis alba).

Што се однесува до минералите, билката синап содржи калиум, калциум и фосфор. Богата е и со витамините А, Ц и Е, тијамин, рибофлавин и нијацин. Исто така, изобилува со омега 3 масни киселини и гликозид синалбин, кој е одговорен за лутиот вкус.

Како се користи синапот како лек?

Најлековитиот дел од синапот е неговото семе. Тоа нема мирис, но затоа се карактеризира со силен и лут вкус. Семето се покажало многу добро за проблеми со срцето, дигестивниот систем и црниот дробГо забрзува метаболизмот, ја подобрува циркулацијата, го прочистува крвотокот. Чајот од семки од синап е одличен лек за одбрана од настинки и заштита на дишните патишта.

Семето од оваа лековита билка може да им помогне на онесвестените лица да си ја вратат свеста. Доволно е само лажиче мелен синап да му ставите на човекот под носот. Меленото семе на билката има силен и лут мирис кој помага да се поврати свеста.

Масло од синап и неговите лековити својства

Семето се користи на два начина: во вид на масло и брашно. За двата постојат различни намени за решавање здравствени проблеми.

Маслото што се прави со бел синап, по изглед е слично на сончогледово, бидејќи има жолтеникава боја. Тоа е етерично масло, кое мора внимателно да се користи. Неговата лутина може да ја иритира слузокожата и да предизвика пликови и изгореници. Токму тоа е причината зошто го има само во аптеки и се издава само со рецепт.

Оваа исклучително силна течност може да биде многу опасна за животните, па затоа мора многу внимателно да се ракува со неа.

Кога се користи според пропишаните мерки, маслото од синап дејствува како лековито средство. Имено, пореди соединенијата на изотиоцијанат, има исклучително антиоксидантно дејство.

Лесно продира во органите, па се користи како антибактериско средство кое со одлични резултати ги уништува микроорганизмите. Освен тоа, синапот често се препорачува за лекување настинка и за општо зајакнување на имунитетот.

Пиењето масло од синап во мали количини може да биде одлично за варењето и да ве ослободи од опстипација. Немојте да претерувате со консумација, бидејќи во спротивно може да предизвика воспаление на цревата и желудникот, но и воспаление на јајниците.

Одредени истражувања докажуваат дека маслото од синап може да се користи дури и како превенција од рак и тумори. За тоа е заслужна токму супстанцијата изотиоцијанат.

Лековитото масло може да се користи и за облоги. Прилично брзо ги елиминира болките, а особено се препорачува за артритични и ревматични болки.

Древен лек на старите Инки: Природен аналгетик што го регулира нивото на хормони, го забавува стареењето и ги ублажува симптомите на менопауза!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.