Древен лек на старите Инки: Природен аналгетик што го регулира нивото на хормони, го забавува стареењето и ги ублажува симптомите на менопауза!

Традиционален лек на древните Инки

Мака е перуанска билка со исклучителни карактеристики

Нејзиното латинско име е Lepidium meyenii, ја викаат уште и златна мака, а на запад е позната како Peruvian Maca. Поради своите големи потенцијали го добила прекарот перуански жен-шен, иако билката мака нема никаква врска со жен-шен.

Билката мака расте во планинските предели на Перу, на исклучително големи надморски височини, што значи дека многу е отпорна. Се верува дека отпорните билки содржат супстанции што и нам можат да ни пренесат слични особини.

Оваа билка има цврст корен што по изгледот најмногу потсетува на рдоква, со големина од 3 до 6 сантиметри. Бојата на коренот варира од светло жолта, преку розова, до темно виолетова, па дури и црна.

Коренот на перуанска мака содржи исклучително високи количини на аминокиселини, витамини, минерали и јаглехидрати, поради што може да се спореди со најквалитетните житарки.

Маката во себе содржи високи дози на витамини и минерали, како што се калциум, железо, натриум, магнезиум, фосфор, цинк, витамини Б1, Б2, Б12, Е и Ц. Вреди да се напомене дека оваа билка содржи 20 различни аминокиселини и 7 од вкупно 11 есенцијални аминокиселини, кои не можат да се изградат внатре во човечкиот организам, туку потребно е да се внесат преку храната.

Во недостиг на разновидни намирници што можат да ни ги обезбедат сите потребни материи, добредојдени се природните суплементи. Еден од нив е токму мелениот корен од перуанска мака, во кој се кријат чудесните моќи на оваа билка стара илјадници години.

Лековитите својства на перуанската мака

1. Контиунираната употреба на корен од мака ослободува од хроничен замор, доведува до подигнување на нивоата на енергија и издржливоста на организмот.

2. Коренот од мака ги подобрува менталните способности, на прво место концентрацијата и помнењето.

3. Го забавува процесот на стареење на кожата и развојот на остеопороза.

4. Поттикнува зараснување на раните.

5. Коренот мака содржи материи што дејствуваат како аналгетик, така што може да ги отстрани поблагите болки. Покрај тоа, има благо седативно дејство.

6. Сепак, билката перуанска мака најпозната е по тоа што помага во воспоставувањето хормонска рамнотежа.

7. Во последно време, перуанската мака стана синоним за ефикасно природно средство што ја регулира функцијата на половите жлезди, како кај жените, така и кај мажите.

8. Бидејќи влијае врз стабилизацијата на нивоата на прогестерон и естроген, ги ублажува симптомите на ПМС и го регулира менструалниот циклус кај жените.

9. Ја подобрува плодноста кај мажите и им овозможува поквалитетен сексуален живот, бидејќи исто така поволно дејствува на регулацијата на нивоата на тестостерон, кои имаат директно влијание врз половиот нагон.

10. Билката мака им е корисна на лица од двата пола во средните години, поточно во периодот на менопауза кај жените и андропауза кај мажите, бидејќи ублажува некои од карактеристичните симптоми, кои можат да се јават за време на тој процес. Тоа се на пример замор, несоница, депресија, пречувствителност на стрес. Па така, поволно влијае врз процесите на регулација на хормонски дисбаланс, во период на менопауза и андропауза.

Напомена: Прекумерната доза на корен од мака може да предизвика здравствени проблеми, затоа неопходно е да се употребува според упатствата. Билката мака во секој случај не е наменета за деца, трудници и доилки, бидејќи сѐ уште нема доволно податоци за тоа дали и колку е безбедна за споменатата популација.

Старите Грци верувале дека може да се користи како противотров: Еве како да ја одгледувате оваа моќна и лековита билка дома!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.