Старите Грци верувале дека може да се користи како противотров: Еве како да ја одгледувате оваа моќна и лековита билка дома!

Моќна билка

Оваа лековита зачинска билка воопшто не е тешка за одржување, а ќе ви донесе бројни придобивки

Ориганото е повеќегодишно растение што достигнува висина до 50 см. Има мали, густи, темнозелени листови со елипсовидна форма и виолетови цветови.

Поради тоа што оваа билка потекнува од медитеранското поднебје, на ориганото му треба многу сончева светлина и се одгледува во растресито и суво земјиште.

Оваа билка не бара многу вода. Само кога земјиштето е потополно суво на допир, треба да се полее со вода.

Доколку се сади на отворено, се препорачува да биде пролетно време. Треба да се кратат врвовите за 5-7 см кога билката ќе достигне висина од 15 см, за да се поттикне цутењето и на страничните гранчиња. Цути од јули до август.

Ориганото содржи витамини А и Ц, железо, молибден, селен и калциум.

Старите Грци верувале дека ориганото може да се користи и како противотров. Го користеле за лечење иритации на кожа и инфекции. Исто така верувале дека кравите што пасат на полињата со оригано имаат повкусно месо, а и земале оригано пред спиење за да ја сонуваат саканата личност.

Ориганото е прекрасен декор и во дворот како градинарско растение, бидејќи привлекува пеперутки и пчели.

Ориганото во себе содржи природни инсектициди, па нема потреба за заштита од штетници.

Како зачинска билка, ориганото се користи во кулинарството и свежо и сушено. Свежо се додава во салати, јадења од месо, дивеч и риба.

Најдобро оди со други зачински билки, како што се мајчина душица, босилек, магдонос…

Само три капки дневно носат 6 неверојатни придобивки: Ова масло е најдобро за човечкото здравје!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.