Како да препознаете мигрена пред напад: 6 симптоми што ве предупредуваат дека пристигнува неподнослива болка!

Обрнете внимание

Свесноста за првите симптоми може да ви помогне да се подготвите за болките

Мигрената е многу силна главоболка која нагло почнува и е една од најчестите хронични болести на денешницата.

Иако причините за мигрена сѐ уште не се познати, спроведените научни истражувања ги откриле симптомите со чија помош може да се препознае нејзиното појавување.

Фази на мигрена

Иако може да варира од човек до човек, мигрените имаат тенденција да вклучуваат четири фази. Продромалната фаза трае 24-72 часа и не вклучува директна главоболка, но има одредени симптоми што лесно се препознаваат.

Потоа, следува фазата на аура, односно фазата на болка, и на крај постдром фаза – периодот по престанокот на главоболката.

„Продромалните симптоми може да се разликуваат од пациент до пациент, па дури и од еден до друг напад на мигрена кај истиот пациент“, вели доктор Сузан Хачинсон, експерт за мигрени и главоболки.

Први показатели

Фазата на продор може да вклучува зевање, промена на расположението, мачнина, чувствителност на светло и звук, како и болка во вратот.

„Функционалните испитувања на мозокот изведени за време на оваа фаза покажуваат активирање на различни делови од мозокот кои одговараат на различни симптоми“, вели професорот по неврологија Ендру Чарлс од Универзитетот во Калифорнија.

Зголемена желба за храна

Експертката за мигрени, доктор Хачинсон, истакнува дека желбата за храна особено за чоколадо, е главен симптом на продромалниот период.

Поспаност

Активирањето на делот од мозокот познат како хипоталамус исто така може да влијае врз проблемите со спиењето. Според едно истражување од 2016 година објавено во магазинот The Journal of Headache and Pain, претераната дневна поспаност е поврзана со влошување на симптомите на мигрена.

Болка во вратот

„Изгледа дека оваа болка е поврзана со мигрените поради нервните импулси, кои одат напред и назад помеѓу долниот дел од мозокот и горниот ’рбетен мозок“, вели доктор Чарлс.

Вознемирен желудник

Кај одредени луѓе што страдаат од главоболки, еден од првите показатели е дека таа наскоро ќе се појави е болката во желудникот. Истражување од 2016 година објавено во магазинот Neurology покажало дека постои поврзаност помеѓу синдромот на нервозни црева и појавата на мигрена.

Осетливост на светлина

„Осетливоста може да биде предизвикана со активирање на окципиталниот лобус, елементарниот центар за вид“, објаснува доктор Чарлс.

Проблемите со видот обично почнуваат 20 минути до еден час пред главоболката, а во нив спаѓаат закривени линии во видното поле, блескаво светло, точкесто светло и празни дамки.

Симптоми како кај мозочен удар

Некои пациенти во втората фаза аура може да имаат симптоми кои изгледаат како мозочен удар.

„За време на аурата може да дојде до здрвеност на едната страна од телото или забележување дамки пред очите“, вели доктор Хачинсон.

„Пациентите може да имаат и други нарушувања на видот, како што се трепкачки светла или светкави линии, како и трпки што струјат низ телото, но и потешкотии со говорот и губење на свеста.“

Овие симптоми се предизвикани со бавно ширење на бранови ненормални активности, кои минуваат низ површината на мозокот, а кои обично започнуваат токму во оној дел што го регулира видот.

Дали често имате мигрена? Ова е храната што мора да ја јадете
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.