Тој има 21, а таа 75: Се свршија две недели по првата средба, а за него ова не е прва ваква врска

Не им пречи разликата во годините, велат дека се како и секоја друга двојка и редовно се фалат и за нивниот одличен сексуален живот.

Алмеда (75) и Гери Хардвик (21) стапија во брак во 2015 година, само две недели откако се запознаа – на погребот на синот на Алмеда, Роберт. Гери во тоа време имаше 17 години, а неодамна раскина со својата поранешна 77-годишна партнерка и започна врска со Алмеда.

Иако помеѓу нив има 54-годишна разлика, Гери и Алмеда откриле дека тие се сосема обичен пар како и секој друг. По свадбата, што ја подготвија за само шест дена, тие се преселија со еден од внуците на Алмеда, кој е три години постар од Гери.

https://www.instagram.com/p/CA01BTUDP2-/?utm_source=ig_embed

– Не барав помлад човек, Гери едноставно се случи. Кога го запознав, знаев веднаш дека тој е вистинскиот човек за мене – вели Алмеда, додека Гери се согласува: – Таа навистина е мојата девојка од соништата, а физичката страна на нашата врска е одлична.

Гери објаснува како неговата привлечност кон постарите жени започнала кога имал само осум години и бил заљубен во една од неговите учителки. Пред да се сретне со Алмеда, тој бил во врска со постара жена, но нивната врска не била добра и тој паднал во депресија. Но, средбата со Алмеда му помогна повторно да ја најде својата страст и среќа. Откако добил дозвола од неговата мајка и баба, Гери ѝ предложил на Алмеда само две недели по нивниот прв состанок, и тие се заедно веќе пет години.

https://www.instagram.com/p/B8kNc0eDFpz/?utm_source=ig_embed

– Таа насмевка и нејзиниот добар изглед. И двајцата бевме толку нервозни на првиот состанок што Гери падна од столот во еден момент. Но, морав да поставам едно прашање, а тоа беше дали сум престара за него. Само ми ја зеде раката, се насмевна и ми рече дека возраста е само број. Се чувствував како тинејџерка – рече Алмеда.

– Алмеда е млада во своето срце и возраста никогаш не нè вознемирува, дури и не размислуваме за тоа. Само знам дека Бог одговори на моите молитви денот кога Алмеда влезе во мојот живот, вели Гери.

Прочитајте и: Не сте виделе поубаво запросување: Ќе ве воодушеви идејата на ова момче!

 

ФОТО: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.