7 намирници што никако не смеете да ги чувате во фрижидер: Скапуваат, венеат, пропаѓаат…

Дознајте!

Фото: Getty Images

Не може сите намирници да се чуваат во фрижидер, некои од нив не поднесуваат ниски температура…

Ова е листата на намирници што морате да ги држите подалеку од фрижидерот…

1. Леб

Ако ставите леб во фрижидер, тој уште побрзо ќе се исуши, плус ќе ги собере сите миризби од фрижидерот. Ако лебот е голем и не ви треба во толкава количина, отсечете едно парче, а остатокот замрзнете го.

2. Лук

Лукот воопшто не поднесува студ. Апсолутно нема потреба да го чувате во фрижидер. На собна температура може да издржи и по неколку месеци. Предуслов е да има добра вентилација и да не биде оставен во пластичен кеса.

3. Зимница

Се верува дека сите мачканици и зачини мора да се чуваат директно во фрижидер. Меѓутоа, намирниците како оцет, шеќер и сол се одлични конзерванси. Мачканиците како ајвар, кечап и слично можат да стојат и во шпајз, без проблем. Колку подолго стојат во шпајз, толку повкусни ќе бидат.

4. Компир

Фрижидерот може да го расипе вкусот на компирот, бидејќи скробот се претвора во шеќер. Компирот најдобро е да се чува во шпајз, во хартиена кеса.

5. Домати

Фрижидерот ќе го уништи вкусот на доматот. Најдобро е ова овошје да го чувате во кујна на работна површина, но никако изложено на директна светлина.

6. Кромид

Црвениот кромид може само да скапа во фрижидер. Кромидот најдобро се чува во мрежести вреќички кои ќе му обезбедат вентилација.

7. Кафе

Фрижидерот може само да го расипе вкусот на кафето. Освен тоа, тоа има толку силен мирис што сите намирници во фрижидерот ќе мирисаат на кафе.

Генијален трик со кој фрижидерот секогаш ќе ви мириса свежо: Толку лесно, едноставно и евтино!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.