Направете го сами фантастичниот колач трилече: Омиленото кремасто слатко задоволство на многумина!

Превкусен десерт

Мек и сочен колач

Трилечето е омилениот десерт на многумина, а еве како да го приготвите сами вашиот колач од соништата…

Состојки:
  • 6 јајца
  • 100 г шеќер
  • 200 г брашно
  • половина кесичка печиво
  • 1 ванилин шеќер

За преливот:

  • 400 мл слатка павлака
  • 300 мл кондензирано млеко
  • 800 мл обично млеко

За вториот прелив:

  • 300 г крем од карамела
Приготвување:

Изматете ги белките, па постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер. Кога ќе бидат добро изматени, додавајте ги жолчките една по една, измешајте, па внимателно додавајте брашно измешано со прашок за печиво. Кога додавате брашно, вклучете го миксерот на најмала брзина и само малку измешајте.

Сипете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете околу 20-25 минути на 180 степени. Оставете го пандишпанот да се олади малку, па извадете го од плех и со нож избодете го на повеќе места. Во плехот сипете слатка павлака, па на неа ставете го пандишпанот превртен наопаку – делот што бил горе, сега е долу.

Оставете го да отстои десетина минути, па потоа измешајте млеко и кондензирано млеко, па со нив прелејте го одозгора. Оставете го да отстои за убаво да го впие млекото, па премачкајте го со крем од карамела. Добра оладете го и уживајте во превкусниот колач.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.