Ешли Греем го дои синот на јавно место (ФОТО)

Додека мама пие кафе, Исак пие млекце

Најпознатата и најбарана плус-сајз манекенка Ешли Грем на 18 јануари годинава на свет го донесе своето прво дете Исак, не криејќи ја радоста што ја чувствуваат таа и нејзиниот сопруг Џастин поради проширувањето на семејството.

 

Оттогаш, таа отворено споделува со своите следбеници како изгледаат деновите на една „новопечена“ мајка, сосе сите благодати, но и оние „замрсени“ работи, кои се дел од процесот на закрепнување по породувањето и бременоста.

По сите овие години во модната индустрија, мое омилено парче облека сега се гаќичките за една употреба. Никој не зборува за периодот на закрепнување низ кој новите мајки поминуваат. Неверојатни се пречките со кои се соочуваме кога се обидуваме да зборуваме за тоа. Ви покажувам дека се’ не е само виножито и пеперутки“, напишала Ешли.

Нејзиниот потег наиде на одобрување од страна на мајките кои поминувале низ сличен период. Тие под фотографијата на која Ешли носи црна маичка и сив мидер отворено сведочеле за предизвиците со кои се соочиле во постпородилниот период, споделувајќи ги дури и оние „најнепријатните“ детали.

Инаку, Ешли гордо покажа дека малиот Исак го дои на јавно место, воопшто не воздржувајќи се од љубопитните погледи од околината.

 

View this post on Instagram

 

☕️&🥛

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

Фото: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.