Еве зошто фотографијата со која Кортни Кокс ѝ го честита роденденот на Џенифер Анистон предизвика восхит кај најомилените пријателки (ФОТО)

Колку и да се обидува да личи на неа, само една е Џенифер!

Не е тајна дека актерките Кортни Кокс и Џенифер Анистон не се добри пријателки само на малите екрани.

Љубителите на култната ТВ-серија „Пријатели“ десет години уживаа во дружбата на омилените пријателки од детството Моника и Рејчел, чии ликови ги вивнаа на самиот врв во Холивуд денес популарните актерки, а интересен е податокот дека токму Кортни ја викнала Џенифер на аудиција за серијата, бидејќи таа веќе била ангажирана да го толкува ликот на разгалената убавица Рејчел.

Но кога кастинг-директорот ја видел Џенифер, одлучил таа да биде Рејчел, а Кортни да ја толкува добродушната Моника.

Меѓутоа, Кортни и Џенифер се блиски и денес, 15 години по завршувањето на „Пријатели“, а тоа го докажува и фотографијата со која Кортни ѝ го честита 51-от роденден на својата пријателка.

Колку и да се трудиш, само една е Џенифер Анистон. Среќен роденден моја драга пријателке, те сакам“, напиша Кортни во описот на фотографијата на која позира со славеничката со перика на главата и очила идентични како нејзините, обидувајќи да покаже колку си личат.

 

Фото: Instagram, Getty Images

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време