Шницли во сочен сос од рерна: Неверојатно меко месо

Лесно се приготвува!

Одличен избор за свечен ручек

Потребни состојки:
  • 500 грама свинско месо (од слабините) исечено на шницли
  • масло
  • бибер
  • сув зачин
  • сол
  • кари
  • рузмарин
  • мелен црвен пипер
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица презла
  • 3 чешниња лук
Приготвување:

Добро исчукајте ги шницлите, посолете ги, ставете бибер и истријте ги со малку сув зачин. Изгмечете го лукот, па додајте малку масло и премачкајте ги шницлите.

Измешајте ги брашното и презлата со пиперка, па извалајте ги шницлите од двете страни во смесата со брашно и истапкајте ги со раце.

Премачкајте ја тепсијата со масло, па наредете ги внатре. Прелијте ги со околу 200 милилитри вода, поклопете ги или ставете фолија, па печете ги во рерна на 220 степени околу еден час со повремено додавање вода.

За прилог предлагаме феноменален бугарски компир, а рецептот може да го погледнете ОВДЕ.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.