Се топи во уста: Ризото со јунешко месо

Ќе ве воодушеви!

Јунешкото месо побрзо ќе омекне ако во текот на динстањето додадете малку сода бикарбона

Состојки:
  • 1 поголема главица црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 400 г јунешко месо од врат
  • 4 помали домати
  • 200 г ориз
  • 500 мл јунешка супа
  • 1 лажица исечкани свежи зачини
  • 200 г овчо сирење
  • пипер
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцкички, а лукот се пасира.

2. Јунешкото месо се сече на ленти, а доматите на коцкички.

3. На малку масло се пржат црвениот кромид и лукот, а потоа се додава јунешкото месо и се пржи, со постојано мешање, додека ја промени бојата. Потоа се динста, долевајќи по малку вода, додека омекне месото.

4. Потоа се додаваат доматите, па сето тоа заедно кратко се динста.

5. Се додава оризот и се продолжува да се динста на умерена температура, долевајќи по малку супа, додека набабрат зрната ориз.

6. Пред крајот на динстањето се ставаат зачини по желба.

7. Готовото јадење се посипува со рендано овчо сирење.

Новиот број на магазинот „Добра храна“ содржи уште вакви вкусни и креативни идеи за ручек.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.