Исклучително мека и сочна: Посебна проја

Превкусно!

Вака приготвените проички се исклучително меки и сочни дури и наредниот ден

Состојки:
  • 250 г сирење
  • 250 г кајмак
  • 4 јајца
  • 12 лажици пченкарно брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 500 мл млеко
  • сусам
  • лен
  • сол

Приготвување:

1. Се матат јајцата со млекото, пченкарното брашно и прашокот за печиво, за да се добие воедначена смеса.

2. Се додаваат издробеното сирење и кајмакот, се посолува по желба и се меша.

3. Калап за мафини се обложува со хартиени кошнички. Смесата за проја се разлева во кошничките, но не до врвот, бидејќи во текот на печењето ќе нарасне. Одозгора се посипува со сусам и со лен.

4. Се печат во загреана рерна на 200 степени Целзиусови, додека поруменат.

Вакви и многу други вкусни предјадења може да најдете во најновиот број на магазинот „Добра храна“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.