Сармички од модри патлиџани: Задолжително запишете го овој рецепт! (ВИДЕО)

Ручек за десетка

Јадењата од модри патлиџани спаѓаат во највкусните летни јадења, а ова егзотично јадење ќе ви ја разубави трпезата

Состојки:
  • 2 модри патлиџани
  • 50 мл маслиново масло
  • сол и бибер
  • оригано
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 200 г домати
  • 100 г ориз
  • 125 г моцарела
  • 100 г кашкавал
Приготвување:

Двата патлиџана добро измијте ги, па исечете ги на листови со дебелина од 1 см. Во маслиновото масло додајте сол и оригано и промешајте. На хартија за печење наредете ги листовите модар патлиџан, па премачакајте ги со масло. Печете ги 15 минути во рерна загреана на 200 степени.

Во загреано тавче пропржете една главица ситно исечкан кромид, изрендан морков, а потоа додајте ги доматите. Кога сето тоа ќе се скрчка, додајте го оризот. Оставете го 15 минути да се крчка.

Префрлете го во чинија и оставете го да се олади, па додајте бибер, сол и моцарела, како и свеж магдонос.

Со смесата филувајте ги листовите модар патлиџан, па наредете ги во огноотпорен сад. Врз нив посипете 100 г кашкавал, па сето тоа потпечете го 10 минути во рерна на 200 степени.

Погледнете го видеото за да ја видите целата постапка…

Италијански специјалитет приготвен на поинаков начин: Пробајте лазањи од модри патлиџани!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.