Деловниот стајлинг не мора да биде здодевен: Удобност и шик-изглед е она што се забележува во канцеларијата!

Моден совет

Удобните патики сега ги заменија високите салонки – ногата изгледа убаво, а ’рбетот не страда

Актерката Џесика Алба во Холивуд е позната и како деловна жена. Таа веќе цела деценија раководи со компанија што се занимава со производство на органски производи за нега на тело.

Она што го продава, тоа и го промовира. Овој период папараците ја забележале Алба на улиците во Лос Анџелес додека одела од еден на друг деловен состанок.

Актерката за деловниот состанок одбрала интересна модна комбинација: класична бела кошула, кафеава свилена долга сукња и бели патики. Додека во рака го носела телефонот и задолжителното кафе, Алба самоуверено и без проблем чекорела по улицата во удобни патики.

Што повеќе ѝ треба на една деловна жена освен удобност и шик-изглед? Ако сакате и вие да бидете забележани во канцеларија, ова е начинот на којшто треба да се облекувате.

Кралицата Летиција во деловен стајлинг: Нејзиниот стил е пример за безвременска елеганција!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.