Непрепознатлива: Пластичните операции и зависностите ја уништија најубавата русокоса од 1990-те!

Хедер Локлир

Хедер Локлир била фотографирана додека полнела гориво во автомобилот и пазарела во продавница за органска храна

Некогашната актерска ѕвезда и секс-симбол Хедер Локлир (59) ретко се појавува во јавност, но кога ќе го направи тоа, шокира со својот изглед.

Хедер, која во 1990-те се прослави со улогата на Аманда во серијата Melrose Place, била фотографирана во Лос Анџелес додека сипувала гориво во своето скапоцено „Порше“, а потоа се упатила во продавница за органска храна.

Хедер носела кратки црни хеланки и маица без ракави, кои ја нагласувале нејзината доста пополна фигура за разлика од минатото. Се обидела да се сокрие зад капата, но папараците ја забележале.

Лицето на Хедер без шминка изгледало подуено, односно отечено, особено под очите, каде што ѝ се истакнувале подочниците. Косата ѝ била врзана во неуредна плетенка, а ни овој пат не го носела дијамантскиот, свршенички прстен.

Инаку, поранешниот секс-симбол, неодамна беше фотографиран без шминка во калифорнискиот град Агоура Хилс за време на шопингот со својот свршеник Крис Хајзер (59).

Локлир била во врска со Хајзер уште во средно училиште, но по тој училиштен период продолжиле понатаму со своите животи. Ја обновиле љубовта есента во 2017 година. Сепак, двојката подоцна ги надминала сите проблеми, односно Хајзер ѝ помогнал на актерката околу одвикнувањето, па се чини дека Хедер конечно добро напредува кога станува збор за нејзините зависности.

Локлир последниве неколку години ги полнеше насловните страници со своите проблеми со алкохолот и насилството. Имено, во 2018 година Хедер го тепала свршеникот Крис, а брат ѝ викнал полиција. Кога дошле полицајците, им се заканувала и тврдела дека ќе ги среди со оружјето што го чувала дома, но набрзо било утврдено дека тоа не постои.

Инаку, Хедер Локлир е позната и по улогата на Семи Џо Карингтон во сапуницата „Династија“ која се емитуваше на почетокот од 1980-те години. Ја следеа гледачи ширум светот, па и во Македонија. Жените некогаш сакаа да изгледаат како актерката, а мажите воздивнуваа по неа. Се наоѓаше на листата на најубавите жени, но денес е само сенка на убавицата што беше некогаш, поради своите зависности и пластични операции на кои подлегнала.

Алкохолизмот и бизарните испади ѝ ја уништија кариерата: Беше една од најголемите убавици, но денес никој не може да ја препознае!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.