Алкохолизмот и бизарните испади ѝ ја уништија кариерата: Беше една од најголемите убавици, но денес никој не може да ја препознае!

Некогаш и сега

Најновите фотографии ги загрижија нејзините фанови

Кога се појави на јавната сцена, сите беа маѓепсани од нејзината убавина, а благодарение на својот талент добиваше и важни улоги по кои и денес е препознатлива.

Меѓутоа, нејзината блескава кариера тргна во спротивна насока пред неколку години. Актерката минуваше низ турбулентен период, а сето тоа остави последици на нејзиниот физички изглед.

Ѕвездата на „Династија“ и серијата Melrose Place, Хедер Локлир (59), неодамна ја фотографирале на бензинска пумпа, а кога ја извадила маската, глетката на отеченото лице ги загрижила сите присутни.

Некогаш најубавата актерка закрепнува од сите проблеми што ѝ се случиле. Како што велат нејзините блиски, актерката веќе десетина години се бори со депресија и зависности. Според медиумите, актерката се обидела да си го одземе животот со комбинација на лекови за смирување, но за среќа, била хоспитализирана на време.

Таа неодамна ја напуштила клиниката за болести со зависности, каде што била испратена откако два пати била фатена како вози под дејство на алкохол.

Ова не е единствениот скандал во којшто имала главна улога. Имено, актерката била обвинета за насилство во семејството. Ја пријавил нејзиниот партнер Крис Хајзер (56). Хедер во наплив на гнев го тепала својот свршеник, поради што морала да реагира и полицијата.

И покрај сè, тој останал покрај неа и ѝ помогнал да ги надмине тешките мигови. Актерката неодамна им се обрати на медиумите и изјави дека успеала да ги преброди сите кризи, но судејќи по последните фотографии, фановите не се убедени дека ја кажала вистината.

Еве како изгледаше Хедер некогаш…

Ѕвездата на „Мелроуз плејс“ се одвикна од наркотици и се сврши на 58 години: Доказ дека никогаш не е доцна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.