Италијански специјалитет приготвен на поинаков начин: Пробајте лазањи од модри патлиџани!

Добра храна

Овие лазањи ќе послужат како одличен ручек за целото семејство

Состојки:
  • 2 модри патлиџани средна големина
  • 400 г свежо сирење
  • 250 г спанаќ
  • 1 јајце
  • 300 г кашкавал во листови
  • 300 г лупени домати
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажица густин
  • оригано
  • бибер
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Модрите патлиџани се мијат и се сечат на листови. Листовите се посолуваат и се оставаат да пуштат сок, а потоа се пржат на врело масло да поруменат. Им се цеди маснотијата.

2. Спанаќот се чисти и накратко се бланшира во солена вода, потоа се цеди од вишокот течност и се сечка ситно.

3. Исечканиот спанаќ се соединува со иситнетото сирење и јајцето. Се посолува по желба и се меша.

4. Лупените домати се миксираат, се соединуваат со шеќерот, густинот и ориганото, па се варат на умерена температура да се згуснат.

5. Огноотпорен сад се намрсува, па дното се прекрива со слој патлиџани. Преку него се нанесува половина од филот од сирењето, се распоредуваат листови од кашкавалот и се премачкува со половина од лупените домати. Постапката на полнењето се повторува уште еднаш, па се завршува со модри патлиџани и се прекрива со листови кашкавал.

6. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 40 минути. Печеното јадење се остава да се олади, за да се послужи полесно.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.