Ролати од мисиркино месо со суви сливи
Не треба да бидете искусни во готвењето за да го приготвите ова јадење, но дефинитивно ќе потсетувате на мастер-шеф!
Состојки: 600 г филе од мисирка, 200 г суви сливи без семки, 2 чешниња лук, сол, мелен црн пипер.
Приготвување: исечете ги сувите сливи на мали коцки, излупете го лукот и ситно исечкајте го. Направете стекови од филето од мисирка, покријте ги со пластична фолија и истолчете ги со чекан за месо.
Зачинете ги стековите со сечкан лук, сол и црн пипер и посипете ги со суви сливи. Цврсто завиткајте ги како ролат и заврзете ги со готварски конец. Ставете ги ролатите во тава за печење, додајте малку вода и печете на 180°C околу 30 минути.
Текст: „Добра храна“
Фото: Getty Images