Најдобриот појадок на сите времиња: Можете да го приготвите навечер и утредента да го понесете на работа!

Можете да му го приготвите и на детето за на училиште

За да не купувате појадок во пекарница, пригответе си ја највкусната пита со најдобрите состојки што можете да ја понесете на работа

Состојки:
  • 4-5 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 50 мл масло
  • 1 лажиче сол
  • 200 г брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 100 г сирење
  • 100 г салама по избор
  • 100 г колбаси
  • 200 г спанаќ
Приготвување:

Измешајте ги сите состојки и префрлете ги во тепсија. Посипете со сусам, ленено семе, ким, семе од тиква и слично. Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови, 30-35 минути. По 10 минути, задолжително покријте ја питата со намокрена хартија за печење.

Најубавата пита се приготвува од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна – едноставно совршена!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.