Најубавата пита се приготвува од готови кори: Полна со фил, мека и вкусна – едноставно совршена!

Совршена е за ручек или вечера

Ако не сте вешти во приготвувањето пити, овој рецепт ќе ве претвори во професионалци

Состојки:
  • 500 г готови кори
  • 6 јајца
  • 30 мл кисела вода
  • 100 мл масло
  • 200 мл млеко
  • 3 лажици гриз
  • 1 лажица брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажиче сол
  • 250 г сирење
  • 1 канче павлака
Приготвување:

Во чинија изматете 3 јајца, кисела вода, млеко, масло, гриз, брашно, прашок за печиво и малку сол. Во друга чинија изматете сирење, павлака и 3 јајца.

Секоја кора премачкајте ја со мешавината од јајца и гриз, а потоа со филот од сирење, па завиткајте и ставете ја во тепсија. Кога ќе ги потрошите сите кори и материјалот, премачкајте ја питата со смеса од јајца и гриз. Печете во рерна на 200 степени Целзиусови околу 45 минути.

За оваа пита со сирење велат дека е повкусна и од најдобриот бурек: Се приготвува за 10 минути, а еве во што е трикот!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе

alailoy hmkzjgu xvurtc aiegi wpzux ruipl