Ако не сте среќни кога ќе се разбудите наутро, послушајте го советот на Далај Лама: Сè ќе ви оди од рака!

Како да бидете среќни по рецепт на Далај Лама?

Доколку мислите дека не сте среќни кога ќе се разбудите наутро, ќе ви послужат советите на овој мудрец

Во едно интервју, го прашале Далај Лама што најмногу го изненадува на овој свет и која е суштината на животот. Неговиот одговор ќе ве натера да застанете и да размислите за патот по којшто чекорите.

Утрото е делот од денот кога треба да се исполниме со позитивна енергија, емпатија, љубов и среќа. Како ќе ви започне утрото, таков ќе ви биде целиот ден.

Доколку сакате да ви се појавуваат шанси, да ви се отвораат врати, да имате успех, треба наутро да направите јасен план и да го освестите она што е најважно.

Кога ќе го започнете новиот ден опуштени, среќни и исполнети со нова енергија, тој ќе се претвори во прекрасен момент од животот што ќе го доживеете како подарок и ќе го прифатите како благослов.

Како да го започнете утрото среќно

Далај Лама истакнува дека треба да ги изговорите следниве реченици:

„Наутро кога ќе се разбудите, започнете го денот со овие мисли: ‘Денес сум благодарен/а, се разбудив. Жив/а сум, го имам овој човечки живот и нема да го потрошам залудно. Сета енергија ја насочувам кон развојот, им го отворам своето срце на другите и напредувам за доброто на сите. Јас ќе негувам добри мисли за другите. Нема да се лутам, нема да мислам лошо за нив. Ќе дадам сè од себе за да им помогнам на другите.’“

Со овие зборови ќе ја засилите емпатијата, духот на заедништво, но и така вежбате благодарност што сте тука, што токму вам ви се нуди оваа можност. Благодарниот човек е среќен човек, оној кој расте – и вие бидете извор на добрина и радост, тоа секогаш вреди!

3 правила на Далај Лама за среќен живот: Послушајте ги овие едноставни совети и гледајте што ќе се случи!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.