Динстано пилешко со маслинки

Божествен вкус и мирис

Ова вкусно јадење со меки пилешки парчиња мириса божествено. Добро се вклопува со секаков вид тестенини.

Состојки: 1 кг парчиња пилешко месо, 2 кромида, 4 чешниња лук, 2 г свежи црвени пиперки, 100 г маслинки, 200 г свежи домати, 1 конзерва лупени домати (270 г), 1 чили-пиперка, масло, сол, мелен црн пипер.

Приготвување: зачинете ги парчињата пилешко месо со сол и црн пипер. Пржете ги во врело масло да добијат златножолта боја и извадете ги од тавата. Во истото масло испржете ги кромидот и сечканиот лук, додајте ги свежите пиперки исечкани на коцки и свежите домати исечкани на мали парчиња.

Пржете кратко време, па додајте ги исечканите лупени домати сосе сокот. Додајте ги маслинките и парчињата пилешко месо. Посолете по вкус, покријте со капак и 25 минути динстајте на ниска температура. Извадете го капакот и пржете додека се згусне сосот.

Послужете со тестенини или со прилог по ваш избор.

Текст: „Добра храна“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.