Пита-пица од готови кори: Брз и штедлив рецепт!

Крцкава и вкусна!

Одличен рецепт за вкусен оброк

Состојки:
  • 10 тенки готови кори
  • 150 г сирење
  • 100 г рендана шунка
  • 100 мл млеко
  • 2 јајца
  • малку кечап
  • половина прашок за печиво
  • оригано
  • масло
Приготвување:

Издробете го сирењето со виљушка, додајте млеко и 2 јајца, прашок за печиво и сето тоа измешајте го. Изрендајте ја шунката.

Едната кора попрскајте ја малку со масло, ставете три лажици сирење, па премачкајте ја целата кора. Одозгора расфрлајте шунка, малку кечап и додајте оригано. Завиткајте во ролна и наредете ја во подмачкан плех.

Премачкајте ги ролните со масло и печете ги 30-35 минути на 200 степени. Добар апетит!

Сигурно ќе ви се допаднат и овие лепчиња без квасец.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.