Лепчиња без квасец: Воздушесто тесто што ќе го обожавате!

Неверојатно меки

Веднаш ќе ги засакате и поради вкусот и поради брзата подготовка

Состојки:
  • 300 г пченично, ’ржано или интегрално брашно
  • 200 мл вода
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • зачини по желба (оригано, малку мајчина душица)
  • 1 лажица маслиново масло
Приготвување:

Измешајте ги сите состојки во чинија и направете мазно тесто. Зачините можете да ги додадете во тестото или на крај да ги наросите на лепчињата. Оставете го на топло место покриено со крпа да отстои и нарасне околу 15 минути.

Ставете малку брашно на дланките и направете топчиња од тестото. Потоа, со прсти расукајте го и формирајте лепчиња. Ако тестото многу ви се лепи за раце, можете да формирате тесто во тавче со помош на лажица или лопатка.

Загрејте малку масло во тавчето и ставете го внатре лепчето (или топчето што ќе го формирате тука). Кога тестото ќе биде испржено од едната страна, свртете го лепчето.

Вака приготвените лепчиња можете да ги користите наместо леб со секое јадење, како „обвивка“ за домашни плескавици, а можете и да ги наполните со сирење, салата…

Уживајте!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.