Нобеловец ја предвидел епидемијата во Кина, точниот број на заразени и мртви: Сега открива како коронавирусот ќе заврши!

Предвидување на доктор Мајкл Левит

Тој секојдневно ги анализира случаите на коронавирус во 78 земји

Професорот по биологија од Универзитетот Станфорд и добитник на Нобелова награда за хемија, доктор Мајкл Левит, предвидува скорешен крај на пандемијата на коронавирус.

Во статија во „Лос Анџелес Тајмс“ се напоменува дека претходно Левит точно го предвидел развојот на ситуацијата со коронавирусот во Кина и најлошата криза во историјата на земјата.

Професорот нагласил дека не верува во прогнозите дека моменталната криза ќе трае со месеци или години и дека ќе доведе до смрт на милиони.

На почетокот на февруари, тој испратил извештај во кој напишал дека ширењето на болеста во Кина го достигнало својот врв и дека стапката на раст на мртви ќе се забави уште повеќе во рок од една недела. Левит предвидел дека вкупниот број на потврдени случаи на КОВИД-19 во Кина на крајот ќе изнесува околу 80 илјади луѓе, додека околу 3.200 луѓе ќе го изгубат животот. Реалните бројки биле многу блиску до прогнозата: од 24 март во Кина се регистрирани 81.588 случаи со 3.281 смртни случаи.

Сега доктор Левит предвидува сличен резултат и во САД и во остатокот од светот.

„Сега главниот проблем е да се контролира паниката“, рекол доктор Левит.

И покрај фактот што многу епидемиолози предупредуваат дека ќе треба да поминат месеци, ако не и години, за да се случи општествен пресврт и предвидуваат милионски смртни случаи, овој научник вели дека постоечките податоци не укажуваат на толку драстично и ужасно сценарио, особено во областите каде што се преземаат разумни мерки за спречување на епидемијата и социјална изолација. Тврди дека со почитувањето на овие основни мерки за заштита, се’ ќе заврши брзо.

Професор Левит секојдневно ја анализира ситуацијата во 78 земји во кои дневно се регистрираат повеќе од 50 нови инфекции. Во нив гледа знаци на забавување на пандемијата. Меѓутоа, одбил да го открие точниот период кога очекува дефинитивен крај на пандемијата на коронавирус.

Нобеловецот Мајкл Левит советува: Еве што треба да прават тие што се плашат од коронавирус

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.