Пиперка пржена во павлака: Вкусно и брзо јадење, идеално за топлите денови!

Совршен оброк

Најдобриот предлог за ручек или вечера во топлите летни денови е токму пиперката пржена во павлака

Кога немате идеја што да зготвите, а не ви се стои долго пред шпорет поради високите температури, ова јадење е одлично решение. Не се знае дали е полесно за приготвување или е повкусно за јадење.

Состојки:
  • 7-8 пиперки
  • 5-6 чешниња лук
  • 1 кисела павлака
  • сол по вкус
  • масло за пржење
Приготвување:

Преполовите ги пиперките, отстранете им ги семките и пржете ги од двете страни на масло. Потоа, извадете ги на чинија, поклопете ги со друга чинија или капак и оставете ги да отстојат десетина минути (така лушпата полесно ќе им се излупи).

Излупете ја лушпата, искинете ги пиперките во должина со рака, вратете ги во тенџерето во кое сте додале малку масло (или во тавчето во кое сте ги пржеле), па додајте ситно сечкан лук и кисела павлака. Промешајте, оставете да прокрчкаат и веднаш тргнете ги од оган. Послужете ги самостојно или како прилог со месо.

Идеја за ручек: Потпечени пиперки полнети со лук и павлака
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.