Најбрзата летна овошна торта со кајсии и јогурт: Лесен и освежителен десерт за жешките денови

Пробајте!

Ова е еден од најбрзите летни десерти во кој ќе ужива целото семејство

Бисквит-торта со овошје и јогурт, без печење и готова за само неколку минути. Кога ќе се олади, таа е совршениот десерт за освежување на овие високи температури. Лесна и кремлива – се топи в уста!

Состојки:
  • 600 г бисквити
  • 100 г шеќер во прав
  • 700 мл овошен јогурт со кајсии
  • 2 праски
  • 4 кајсии
  • 300 мл слатка павлака
Приготвување:

Здробете ги бисквитите со раце, додајте шеќер во прав, измешајте кратко, па сипете овошен јогурт и сето тоа добро промешајте го.

На крај, додајте сечкано овошје и нежно измешајте за да не се згмечи. Префрлете го филот во калап со обрач, истапкајте и израмнете, па филувајте со изматена слатка павлака и оставете да се олади прекуноќ.

Оладената торта декорирајте ја по избор. Добар апетит!

Од јогурт и праски: Рецепт за лесна летна торта која ќе ви се допадне
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.