Холивудската дива денес полни 78 години: Не верува во Бог, туку во самовили!

Не родила деца, бидејќи нема мајчински инстинкт

Нејзиното вистинско име е Јелена, а својата исклучително успешна актерка кариера ја изградила благодарение на талентот, упорноста и напорната работа

Актерката Хелен Мирен е родена на 26. јули 1945 година како Јелена Лидија Василевна Миронова. Татко ѝ по потекло бил Русин, а мајка ѝ Англичанка. Таа важи за една од најотмените дами во Холивуд.

Кариерата ја изградила исклучиво со талент, упорност и работа. Токму поради кариерата, нејзиниот приватен живот претрпел многу жртви.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helen Mirren (@helenmirren)

Неколкупати има изјавено дека не верува во Бог, но затоа верува во магични суштества, како што се самовили и виленици.

Четири години живеела со актерот Лиам Нисон, пред да го запознае сегашниот сопруг Тејлор.

Хелен Мирен се омажила на 52 години за долгогодишнит партнер Тејлор Хекфорд. Никогаш не сакала да роди деца, бидејќи смета дека нема мајчински инстинкт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helen Mirren (@helenmirren)

Ова се некои нејзини изјави што ја отсликуваат вистинската личност на Хелен Мирен:

„Животно дело звучи толку величествено! Претпоставувам дека сè уште сум жива, па во тој поглед ги исполнувам условите. Но искрено, секое мое достигнување е резултат на мојата мантра, која гласи: појавувај се навреме и немој да бидеш кретен!“

За неа:

„Голем трик е да научиш да живееш со фактот дека си познат по тоа што си кул и гламурозен, а не по тоа што си прекрасен.“

За наградите од Академијата:

„Сè што треба да направите е да изгледате како го*но на филм и сите ќе мислат дека сте одличен актер. Всушност, сè што направил е тоа што си дозволил да изгледаш како го*но. Месото продава. Луѓето не сакаат да видат икона од црква. Сакаат да видат голо тело.“

За титулата „дама“:

„Во Англија тоа е голема работа. Мислам дека тоа е голема чест. Но морав сериозно да размислам за тоа неколку недели. На крајот, ѝ подлегнав на гордоста.“

За нејзиното барање да ја интервјуира новинар, а не новинарка:

„Повеќе сакам да работам со новинари, бидејќи постојат многу новинарки кои се вистински ку*ки – злобни и ужасни, бидејќи сте друга жена и сакаат да се чувствувате како го*но. Сето тоа е вознемирувачко. Многу сум внимателна кога ме интервјуира жена, бидејќи секогаш чувствувам дека крие нож зад грбот.“

Најдобриот совет што некогаш ќе го чуете: Секој мора да ги прочита зборовите на Хелен Мирен!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.