Најдобриот совет што некогаш ќе го чуете: Секој мора да ги прочита зборовите на Хелен Мирен!

Мудри цитати

И денес се прераскажуваат нејзините зборови

Зборовите на Хелен Мирен погодуваат директно во целта и вреди да ги прочитате и добро да размислите за нив. Се навикнавме на вечната младост и пластичната убавина, а Мирен ни покажува дека може и поинаку – со помош на работа, став и достоинство.

Вели дека кога научила без задршка да им вели „изгуби се“ на луѓето и работите што ја заморуваат, животот ѝ станал многу поубав.

„Кога би побарале да им дадам само еден совет на сите луѓе, тоа би било токму тој. Научете да им кажете ‘изгуби се’ на сите оние што ви ја симнуваат насмевката од лицето.“

Издвоивме нејзини легендарни изјави што ќе ве насмеат, но и ќе ве натераат да размислите за животот:

  • „Целиот тој проблем околу облекувањето е лудост. Можете да потрошите еден долар на јакна во некој мал бутик, на пример, second-hand. И можете да потрошите илјада долари на јакна во мега-продавница. И ако ги видите овие две јакни како шетаат на улица, веројатно не би знаеле која од каде е купена.“
  • „Жените треба да престанат да бидат љубезни. Ако некогаш имам деца, кои ги немам, првото нешто на коешто ќе го научам моето девојче е зборот: ‘збогум’.“
  • „Најтешкиот период во животот се 20-те години. Тоа е голема штета, бидејќи тогаш сте најпрекрасни и физички во најдобра кондиција. Но, тоа е исто така и периодот кога сте најнесигурни и полни со сомнежи во себе. Страшно е тоа кога не знаете што ќе се случи.“
  • „Јас сум тип на личност што се облекува во продавница second-hand, но отвора шише шампањ.“
  • „Мислам дека секоја жена во нашата култура е феминистка. Можеби одбиваат да се изјаснат така, но ако која било жена ја вратите 40 години наназад и би ја прашале ‘дали ова е светот во којшто би сакала да живееш’, таа би рекла ‘не’“.
  • „Чудно е тоа што ви станува сè поудобно во своја кожа, дури и кога времето ви дава сè помалку причини за тоа. Кога сте млади и убави, тогаш сте параноични и очајни. Мислам дека една од најголемите предности на стареењето е тоа што се ослободувате од некои работи.“
  • „Моите 40-ти беа добри. Педесеттите беа одлични. Шеесеттите фантастични. А 70-те се проклето феноменални.“
  • „Целиот мој живот гледав девојчиња од 16 години како продаваат убавина, па затоа мислам дека неверојатно е тоа што сега жени од 70 години рекламираат производи за жени од 60 до 80 години.’
  • „Сега кога имам 70 години, она што би ја посоветувала помладата ‘јас’ е што почесто да вели ‘изгуби се’“.
Хелен Мирен: „Не поднесувам да одам на фризер, сама се шишам!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.