Идеална идеја за ручек
Од кујната на бабите ова утро ни пристигна рецепт за пиперки кои кога еднаш ќе ги пробате, ќе ја правите рецептата почесто.
Потребно е:
Пиперки
Лук, едно чешне за една пиперка
Суви зачини или сол
Маслиново масло
200гр кисела павлака
Подготовка:
Пиперката измијте ја и извадете ги семињата. Лукот изечете го на листови. Секоја пиперка посолете ја со сувите зачини и распоредете ги во тавче кое претходно сте го подмачкале со масло. Пржете на средна температура. Пред крајот додадете павлака и поклопете уште две минути да испари течноста. За 20 минути имате прекрасен оброк!