Сведете ја вашата антиејџ рутина на три производи – можно е!

Нега на кожа

Со сите серуми, креми, лосиони, може ли антиејџ негата да се смести на некоја нормална мера? Еве што препорачуваат дерматолозите.

Негата на кожата, особено ако се борите со првите знаци на стареење, стана вистинска наука. Гелот за чистење, мицеларната вода, тоникот, серумот, кремот за подрачјето околу очите, кремот за хидрирање, кремот против борите, па со заштитен фактор, а каде е телото? Лактите? Стапалата?

Не е чудно ако некогаш се фатите себеси неподготвени и ако не сте сигурни што од тие производи навистина ви треба, а што не. И како воопшто да го одберете вистинскиот, ако веќе не сакате да имате пол козметички ормар.

Затоа, решивме да ја направиме тешката работа наместо вас и точно да одредиме како треба да изгледа една минимална ноќна антиејџ рутина. Се пренасочивме на две основни цели кои се заеднички кај повеќето жени: намалување на борите и чиста, сјајна кожа. Секако, ако имате специјални проблеми како што се акните или хиперпигментацијата, сепак ќе морате да го вметнете и четвртото средство и тоа во договор со својотдерматолог или козметичар.

Антиејџ нега во три производи

Производ 1: Мицеларна вода

Сите добри ноќни рутини почнуваат со прочистување на нечистотиите кои се собрале на кожата во текот на денот. Дури и ако не носите шминка, важно е да ги отстраните остатоците од СПФ, нечистотиите… Мицеларната вода одговара на секој тип на кожа, а ги трга сите типови на нечистотии, со тоа што овој производ е број 1 во вашата антиејџ рутина.

Производ број 2: Хидратантен тоник

Секоја рутина за убавина која бара здрава и сјајна кожа подразбира чистење во два чекора. Не е доволно само да се тргнат траговите од денот, потребно е длабински да се исчисти кожата. Затоа, кога ќе барате тоник, млеко или масло за чистење на кожата, барајте го оној со хидрататни состојки. Така ќе направите и друга многу важна работа: ќе и обезбедите на вашата кожа доволно влага. Доколку вашиот тен е беспрекорен и сметате дека мицеларната вода е доволна за чистење на нечистотиите, тогаш заменете го ова средство со некој серум со хидратантни својства.

Производ 3: Активен ноќен крем

Сега станува малку тешко. Како воопшто во море од толку производи да го одберете оној кој навистина ви треба? Универзално средство, за жал, не постои, но затоа постојат состојки околу кои и дерматолозите се согласуваат.

Еве кои состојки би можел да содржи вашиот крем (одберете еден):

Ретинол – ова е дериват на витаминот А кој ги буди сите наши келии и ќе тера да произведуваат колаген – протеин кој дава чистота на кожата на лицето.

Хијалуронска киселина – најдобро средство за хидратација на кожата

Колаген – директно обезбедува количина на колаген кој нашето лице го има изгубено

Niacinamid– ги намалува воспаленијата и првите брчки, па е антиејџ опција која се препорачува на жените со масна и проблематична кожа.

Антиејџ рутина за чувствителна и проблематична кожа

Ако сте една од оние жени кои се борат со одредени дерматолошки проблеми, вашата ноќна рутина би требало да содржи и средство насочено кон решавање на вашата состојба. Додадените чекори се во потполност на вас и вашите специфични потреби, Сега кога имате основа на која секогаш ќе се враќате, вашата антиејџ рутина секогаш ќе биде поедноставна.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе