Подобра е и од оцет и од сода бикарбона: Само 1 состојка ви е потребна за да ги отстраните и најтврдокорните маснотии од рерната!

Брзо и лесно решение

Кога редовно се готви и се пече, рерната многу брзо се валка, но постои ефикасно решение за отстранување на маснотиите

Кујната е една од најтешките простории за чистење, особено рерната. Но искусните домаќинки пронашле многу делотворен и ефикасен начин што ќе ви помогне веднаш да ги отстраните и најтврдокорните дамки – без упорно триење.

Доколку редовно ја користите рерната, неопходно е темелно да ја чистите 3 или 4 пати месечно. Освен тоа, секогаш кога ќе забележите дека внатрешноста на рерната се зачадува, време е за чистење!

Ќе ви требаат:
  • гумени ракавици
  • таблета за машина за миење садови
  • чинија врела вода
  • крпа од микровлакна или хартиени салвети
Постапка чекор по чекор:

Прво, заштитете ги рацете со гумени ракавици. Потоа, со четка отстранете ги сите остатоци од храна, трошки и загорени делови.

Потоа, кратко ставете ја таблетата во топла вода, колку да впие малку вода, но внимавајте да не се растопи многу и да не се распадне.

Добро истријте ја внатрешноста на рерната со таблетата, како што би го сториле тоа со сунѓер. Кога таблетата ќе почне да се суши, повторно потопете ја во вода и продолжете со триење.

Кога ќе завршите, избришете ги остатоците со влажна карпа или со хартиена салвета. Резултатите ќе ве воодушеват, барем така велат домаќинките што го испробале и продолжиле да го користат овој трик.

За само неколку секунди: Со помош на овој трик, рерната и стаклото на туш- кабината ќе блескаат како никогаш досега!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.