Сопругот ја изневерувал со сосетката, на која ѝ направил дете: Му сервирала опасна одмазда што никогаш нема да ја заборави!

Одмаздата се служи ладна

Андреа е популарна инфлуенсерка која редовно им дава љубовни совети на жените, а овој пат го раскажала своето лично искуство

Андреа Овен, популарна инфлуенсерка за животен развој, активно го користи својот ТикТок-профил за да споделува корисни совети за љубовните врски. Меѓутоа, неодамна, во вирално видео го споделила своето лично искуство кое воопшто не било пријатно.

Уште во 2006 година, Андреа дознала дека нејзиниот тогаш сопруг седум месеци ја изневерувал со сосетката, која, за жал, забременила од него. Ова сознание многу ја погодило, особено фактот што нејзиниот сопруг поминувал толку многу време со жена која живее само неколку метра подалеку од нивната куќа. Во момент на гнев, таа одлучила да му се одмазди, па зела ножици со кои ја исекла неговата долна облека и панталони.

Покрај тоа, му напишала порака која ја оставила покрај уништената облека. Пораката гласела:

„Со оглед на тоа што не можеш да ги задржиш гаќите на себе, ќе ти помогнам да се ослободиш од нив.“

@heyandreaowen Reply to @kevadenee Gaslighting at its finest. #authorsoftiktok #narcrecovery #narcissistsurvivor #divorcedwomen #mentalbreakdown ♬ Night Invasion (Cover DMC Maxx Flash) – DMC Maxx Flash


Нејзината приказна охрабрила и други жени на ТикТок да споделат слични искуства со одмазда.

Една корисничка раскажала дека нејзиниот сопруг бил со жена по име Мили, па одлучила да ги наполни неговите шкафчиња со сос за шпагети „Тета Мили“.

Друга корисничка ја исчистила бањата со четката за заби на сопругот и ја вратила на место.

Андреа е многу активна на ТикТок, редовно дава одговори на прашањата на мажите и жените за токсични врски, за важноста на комуникацијата и им дава совети како да се справат со болни раскинувања или развод. Нејзината цел е да им помогне на другите подобро да ги разберат љубовните односи и да остваруваат поздрави и посреќни врски.

Мислење на експерт: Дали ПРЕЉУБАТА е „карактерна црта“?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.