Мислење на експерт: Дали ПРЕЉУБАТА е „карактерна црта“?

Искуство на наша читателка

„Маж ми отсекогаш важел за голем заводник, неговите „швалерски подвизи“ со години се прераскажуваа на нашиот факултет. Јас во почетокот од врската наивно верував дека вистинската љубов ќе го смени. Мислев дека сум центар на неговиот свет, а кога ме побара за жена, верував во она „додека смртта не не раздели“. Каква заблуда!“, вели 35-годишната Ивана С. од Скoпје.

 

Подоцна дознав дека на денот на нашата венчавка спиел со моја колешка, а неговите љубовници за време на нашиот 5-годишен брак се нижеа една по друга како на филмска лента. Не се ни трудеше да ги скрие своите врски, но и понатаму ми ги исполнуваше сите мои желби. Бев и останав, како што ми кажа, „единствената кралица на неговото срце“. Околината ме сожалуваше, се чувствував понижено, но се уште верував дека ќе се смени, особено по раѓањето на нашето дете. На крај не можев да издржам и го оставив. Не му се веруваше. Денес сум среќно разведена жена, а мојот бивши маж очајнички сака да ми се врати…, завршува Ивана.

Мислење на психологот

На некој чуден начин, овој маж ѝ бил верен на жена си, бидејќи сексот стриктно го разделува од емоциите. Изневерените сопруги различно реагираат во ваква ситуација: на едни најважно им е мажот да не им се врзе за љубовницата, а други страдаат и чекаат поволен момент да е разведат. Најчест тригер во оваа ситуација е срамот.

Тој прави нешто неморално, сите знаат за тоа и жената во еден миг чувствува должност да реагира, не сакајќи да ги изневери очекувањата на околината. Мажот е шокиран, бидејќи мислел дека неговата сопруга е подготвена вечно да го толерира неговото „швалерисување“. Се разбира, ништо не би се сменило ни кога би ѝ се вратил на бившата жена, бидејќи таквиот начин на живот му е многу важен.

Добар договор спречува прељуба

Партнерите, кога живеат заедно, мора да се договорат околу некои работи и да дефинираат некои правила во својот однос. Прељуба се случува ако некој од нив не се придржува до тој договор. Она што им недостига луѓето го бараат надвор од заедницата, а откако ќе ги разоткријат, многумина сфаќаат дека многу подобро им било во бракот, дека се повеќе врзани за стариот отколку за новиот партнер и се обидуваат да го спасат тој однос.

Во тој случај се склучува нов психолошки договор, кој го содржи ветувањето на прељубникот дека прељубата нема да му се повтори.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.