Анти-еротично однесување: Ова не смеете да го правите… во СПАЛНАТА СОБА!
Жешки вести
Иако постојат безброј начини сексот да го направите незаборавен, некои потези можат да предизвикаат вистинска катастрофа во постелата. Ви откриваме што не смеете да правите…
Немојте партнерот да го ставате во центар на вниманието Желбата да се задоволи партнерот е едно, а давањето без да се прими е нешто сосема друго. И тој нека се потруди околу вас! Сознанието дека сте задоволни е силен стимуланс за негово либидо и его! Поради оваа интеракција, ноќта ќе биде повозбудлива.
Не се фокусирајте само на очигледното Уверени сте дека знаете каде сака да го допирате, но факт е дека постојат повеќе ерогени зони. Дајте ми комплетно телесно искуство, вклучувајќи ги вратот, ушите, брадавиците… Тој нема да може да го предвиди вашиот нареден допир, а оваа слатка неизвесност ќе го зголеми неговото, а за возврат и вашето задоволство.
Немојте да сте премногу диви Можеби испробувањето нови потези и техники ви изгледа како возбудливо, но ако премногу се оддалечите од вашата сигурна зона може доста да го збуните (па и исплашите!) вашиот партнер.
Ова особено важи ако врската ви е се уште „свежа“. Запомнете дека комуникацијата и блискоста се клучни зборови за задоволство во сексот. Обидете се низ разговор да ги дознаете неговите фантазии.
Текст: Убавина и здравје
Коментарите се заклучени.