За само неколку секунди: Со помош на овој трик, рерната и стаклото на туш- кабината ќе блескаат како никогаш досега!

Нема повеќе мачење

Жените се воодушевени од овој трик кој стана вирален

Чистењето на стаклото на туш-кабината во тоалетот може да биде вистински кошмар. Истото важи и за чистењето на рерната на шпоретот.

Но една мајка на Интернет открила генијален трик со чија помош ќе можете да си ја олесните работата.

За овој процес на чистење ќе ви треба сунѓер во кој ќе направите доволно голема дупка за да можете во неа да ставите една таблета за миење садови.

Пред да почнете со чистење со сунѓерот, добро намокрете ги површините што ќе ги чистите за да дејствува таблетата.

Штом оваа жена го споделила овој трик, многу домаќинки изразиле желба да го пробаат.

„Ова целосно го менува начинот на чистење. Користам волшебен сунѓер на сите стакла и никогаш не оставил гребаници“, напишала една.

Пробајте!

Генијален трик за чистење прашина што го запали Интернетот: Направете го ова и прашината ќе исчезне без трага! (ВИДЕО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.