Генијален трик за чистење прашина што го запали Интернетот: Направете го ова и прашината ќе исчезне без трага! (ВИДЕО)

Без мака

Овој трик ќе ви го олесни отстранувањето прашина од подот и теписите

Користењето правосмукалка е неизбежен дел од чистењето на домот, но им многу здодевна работа. Звукот на правосмукалката, како и процесот на чистење, знаат да бидат заморни за домаќинките, но ова е неопходен чекор кон чистиот дом.

На фејсбук-групата Mrs Hinch Cleaning Tips споделено е видео што претставува еден генијален трик со чија помош значително се олеснува оваа работа.

Имено, правосмукалката ја користат во комбинација со фен за коса. Па, во што е трикот?

Користете фен за да ја оддувате прашината од тешко достапните места. Потоа таа прашина соберете ја со правосмукалка од подот или од лесно достапната површина.

Корисниците на социјалните мрежи се воодушевени од оваа идеја.

„Само го насочив фенот кон прашината, ја оддува и потоа ја собрав. Генијално!“

„Тотално луда идеја, ќе го направам ова викендов“, се само некои од коментарите кои може да се најдат под видеото.

Само внимавајте при користењето правосмукалка, бидејќи постојат работи за кои мислиме дека може да ги собере, а напротив, можат да ја расипат. Погледнете го следново видео за да откриете и други трикови за полесно и поефикасно чистење…

Сите ја правите оваа грешка при чистењето када: Со помош на овој трик ќе блеска како никогаш досега!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.