Ако сакате сочно месо, што ги задржало сите вкусови и хранливи состојки, пригответе го на милански начин
Состојки:
- 700 г свинско месо
- сол
- бибер
- околу 60 г брашно
- магдонос
- 4-5 чешниња лук
- 100 мл доматен сок
- 100 мл бујон или вода
- 100 мл пиво
- шери-домати
Приготвување:
Посолете ги шницлите и зачинете ги со бибер. Извалајте ги шницлите во брашно и наредете ги во намрсен плех. Посипете го месото со магдонос. Посипете и сечкан лук. Повторете го истото со уште еден ред. Магдонос врз месото и лук.
Помешајте доматен сок, бујон или вода и пиво. Прелејте го месото. Додајте шери-домати одозгора. Печете го поклопено 60-70 минути на 220 степени Целзиусови, плус отворено уште 15 минути.