Најдобрите виенски шницли на светот: Врвен австриски готвач открива во што е тајната!

Познато јадење од Австрија

За да се приготви како што треба, постојат одредени правила кои во суштина се едноставни, но многу е важно да се следат

Виенските шницли се познато австриско јадење што се состои од тенко парче телешки бут кое се похува.

Тајната на вкусните виенски шницли е во посебната припрема, во која месото најпрво се вала во брашно, потоа во јајца и на крајот во презла.

Се пржи на тавче пред да се послужи со компир салата или пржени компирчиња.

Во најпознатиот ресторан во Виена, ова вкусно месо се приготвува повеќе од сто години.

Се приготвува парче месо од домашно свинско и телешко месо, па се вала во свежи лебни трошки, а тајната на совршените шницли е во пржењето.

Имено, готвачите ја пржат во тавче во кое сипуваат сончогледово масло.

„Тајната е во температурата на пржењето“, открил Маркус Брунер, главен готвач во ресторан, во интервју за Би-би-си.

За да биде месото сочно, се сечка дури по нарачката, па се чука со чекан за месо на точно 4 милиметри дебелина, со размер од 30 сантиметри.

Месото само малку се спушта во филовите, никако не се притиска или тапка. Тоа е многу важно за да се создаде убава и крцкава коричка.

Виенските шницли од телешко месо кратко се пржат и во тавче со стопен путер, кој им дава дополнителен шмек.

Пилешки шницли во бел сос: Ручек за цело семејство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.