Добра идеја за ручек
Состојки:
- 600 г бело пилешко месо
- 3 чешниња лук
- 2 лажици брашно + 1 лажичка
- 2 лажици презла
- масло
- сол и бибер
- лист од магдонос
- 200 г кисела павлака
- малку млеко
Приготвување:
Исечете го месото на шницли, па исчукајте го малку со чекан со месо. Додајте сол и бибер. Измешајте брашно и презла, па извалајте ги шницлите.
Пржете на тивок оган околу 15 минути. Извадете ги на чинија, во истите маснотии додајте 1 лажичка брашно, павлака и добро измешајте. Додајте издробен лук, сол, бибер и лист од магдонос. По потреба, додајте и малку млеко.
Прелејте ги готовите шницли со сосот.