Појадок што го закрепнува целото тело: Се јаде 3 пати неделно, ги исфрла насобраните токсини и ги топи масните наслаги!

За добар почеток на денот

Ги топи килограмите и го чува здравјето

Овој едноставен рецепт ќе ви помогне комплетно да го прочистите телото од насобраните токсини, да го забрзате метаболизмот, но и да го решите проблемот со констипација. Состојките дејствуваат поволно на цревата, ја стимулираат нивната работа и ја обновуваат нарушената цревна флора.

Освен што има здравствени придобивки, ваквиот појадок ќе ви помогне и да се ослободите од вишокот килограми. Се препорачува да го почнувате утрото на овој начин 3 пати неделно.

Состојки:
  • 3-5 лажици овесни снегулки (може и друг вид снегулки, ’ржани, зобни, од хелда…)
  • 1 лажица спелта
  • 2-3 лажици чија семе
  • рендано јаболко
  • соино млеко од ванила или чоколадо или некое друго млеко или јогурт

Можете да користите и некој природен овошен сок или сок од зеленчук.

Приготвување:

Претходната вечер, прелејте ги чија семките со малку млеко и оставете ги да отстојат за да набабрат.

Наутро, измешајте ги со чија семките и сите преостанати состојки, додајте уште малку млеко или друга течност за која сте се одлучиле.

За да ви биде појадокот уште повкусен, можете да додадете и малку цимет, рендан кокос, скршени лешници или мелено ленено семе.

Овој појадок би требало да го изедете веднаш штом станете за да ви се покрене метаболизмот и да може да согори повеќе калории. По една-две недели ќе забележите драстично подобрување. Ќе имате повеќе енергија, нема да имате потреба за десерти и нездрава храна, а стомакот ќе ви работи како часовник.

Ова е најздравиот појадок на светот: Го намалува крвниот притисок и ризикот од појава на дијабетес
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.