Дајан Китон (74) им пркоси на годините со својот стил: Овој стајлинг никогаш нема да излезе од мода!

Секогаш е во тренд

Годините не ѝ можат ништо

За Дајан Китон како да застанало времето. Иако наполнила 74 години, таа изгледа одлично.

Освен по големите холивудски улоги, Дајан Китон е позната и по интересниот младешки стил, до кој се придржува при секое појавување во јавност.

Папараците ја фотографирале додека го шетала својот миленик, а ни овој пат не разочарала со стајлингот. За оваа пригода одбрала џинс и бела маица, комбинација што никогаш нема да излезе од мода. Од модни додатоци носела марама, која е нејзин заштитен знак. Благодарение на витата фигура, што и да облече, изгледа одлично.

Ова е проверена комбинација, со која никако не можете да погрешите. Вака облечени можете на работа, на кафе со пријателките или на прошетка во градот. Доколку наместо патики обуете високи потпетици, подготвени сте за излегување.

Кралицата Летиција во чевлите што ги обожаваат сите жени со стил: Удобни се и совршено одат со панталони
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.