„Слип“ фустаните уште еднаш го освојуваат модниот трон: Еве како да ги носите како вистински трендсетерки!

Модни предлози

Модел на фустан што предизвикува поделени мислења и оваа година е во тренд – погледнете како да го стилизирате

„Слип“ фустаните во минималистички стил, кои со својот дизајн потсетуваат на ноќници, повторно стануваат актуелни. Во 1990-те години станаа популарни откако Кејт Мос прошетала во еден таков модел, а денес со задоволство ги носат сите светски трендсетерки.

Имаат едноставен дизајн, лесно се вклопуваат во сечиј стил, а одлично изгледаат и во комбинација со кратки чизми и со патики и тексас јакна, но и со високи потпетици.

Тие се фантастично решение како за дневни така и за вечерни стајлинзи. Иако добро изгледаат во повеќето случаи, треба паметно да се комбинираат. Само една мала грешка е доволна за да изгледате како штотуку да сте станале од кревет, па дури и малку вулгарно.

Ви носиме неколку примери на добро стилизирани дами. Ако сте љубители на овој крој на фустан, тие нека бидат вашата инспирација…

https://www.instagram.com/p/CBiFDzGpTlY/?utm_source=ig_embed

За полежерна варијанта, добра идеја е да ги комбинирате со кожена, широка јакна и плитки чизми:

https://www.instagram.com/p/CBdoz30gXuN/?utm_source=ig_embed

10 модни тајни на Кери Бредшо кои се релевантни во 2020 година
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.