Лесно и деликатесно: Шпагетите со домати се совршениот летен ручек!

Главно јадење

Ако претпочитате тестенини, овие шпагети ќе станат вашиот фаворит

Состојки:
  • 500 г шпагети
  • 1 кг домати
  • 30 г мешавина билки (босилек, оригано, темјан)
  • 40 мл маслиново масло
  • 65 г доматно пире
  • 4 големи чешниња лук
  • 1 црвен кромид
  • 150 мл павлака за готвење
  • 50 г пармезан
  • бибер
  • сол

Приготвување:

1. Доматите се сечкаат на поголеми парчиња, се прелеваат со половина од маслиновото масло, се наросува од сечканите зачински билки и се промешува. Се ставаат во плех обложен со хартија за печење и се додаваат чешнињата лук со лушпа. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, додека овенат доматите.

2. Додека се печат доматите, кромидот се чисти и се сечка на коцки, а потоа се пржи на преостанатото маслиново масло. Се додава пирето од домати и кратко се пржи.

3. Во блендер се комбинираат печените и оладени домати, печената пулпа од лукот и пржениот кромид со пирето од домати, па сето тоа заедно се сечка.

4. Смесата се префрла во тенџере, се додава киселата павлака за готвење, се ставаат сол и бибер, па се проварува.

5. Шпагетите се варат во солена вода, да омекнат, а потоа се цеди вишокот течност. Се чува филтрираната течност.

6. Во смесата од домати се додаваат шпагетите и по потреба се додава малку од течноста, се посипува со пармезан и се промешува.

Извор: Добра храна

Јадење што ќе го задоволи сечиј вкус: Пробајте тестенини со пилешко месо
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.