Јадење што ќе го задоволи сечиј вкус: Пробајте тестенини со пилешко месо

Одличен ручек

Сите домашни ќе ги обожаваат тестенините приготвени на овој начин

Состојки:
  • 400 г тестенини во облик на полжавчиња
  • 115 г путер
  • 120 г крем-сирење
  • 600 мл павлака за готвење
  • 110 г пармезан
  • 120 г месеста сланина
  • 350 г пилешко бело месо
  • 2 чешниња лук
  • 2 јајца
  • 200 г моцарела + 100 г за посипување
  • бибер
  • сол

Приготвување:

1. Пилешкото месо се вари во солена вода, а потоа се цеди од вишокот течност и се сечка на коцки.

2. Тестенините исто така се варат во солена вода, да бидат ал денте, па и тие се цедат од течноста (течноста од варењето да се зачува).

3. Сланината се сечка на стапчиња и се пржи во сува тава, а потоа се цеди од маснотијата и се остава настрана.

4. Лукот се пасира, 200 г моцарела се сечка на коцки, а остатокот се ренда.

5. Во поголемо тенџере се мешаат павлаката за готвење, путерот, лукот и крем-сирењето, па се вари, да се растопат и помешаат состојките. Се додава ренданиот пармезан, се посолува и забиберува, па се промешува.

6. Се додаваат вареното пилешко месо, сланината и тестенините, па се промешува. Ако е смесата премногу густа, се додава малку од преостанатата течност од варењето на тестенините.

7. На крајот се ставаат јајцата и коцките сирење, па се промешува. Смесата се става во намрсен огноотпорен сад, одозгора се посипува со рендана моцарела и се пече на 200°Ц, додека зарумени јадењето.

Извор: Добра храна

Макарони со кашкавал од само 3 состојки: Најкремастите тестенини што некогаш сте ги пробале! (РЕЦЕПТ)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.